Сент Етјен го налути ПСЖ, па доживеа - потоп!

Францускиот гигант ПСЖ немаше милост на гостувањето кај Сент Етјен и славеше со убедливи 6-1 во 27. коло од Лига 1.

Сент Етјен не можеше да посака подобар почеток на натпреварот затоа што преку Стасин во деветтата минута поведе со 1-0. ПСЖ, сепак, успеа да ја врати неизвесноста пред крајот на првото полувреме кога Рамош од пенал погоди за 1-1.

Парижаните се разиграа во вториот дел и во рок од неколку минути преку Кварацхелија и Дуе стигна до 3-1, по што до крајот на мечот во стрелаа Невеш, Дуе и Мбаје за конечни 6-1.

ПСЖ има 71 бод по 27 одиграни кола, односно 22 поени повеќе од второпласираниот Марсеј.