
Легендата на Јувентус се кандидираше за претседател на Ривер Плата
Трезеге е Французин и ги бранеше боите на француската репрезентација, сепак има и аргентински корени, па сега сака да придонесе за фудбалот и во оваа земја.
Имено тој се кандидираше за претседател на Ривер Плата на изборите кои ќе се одржат во декември. Трезеге до неодамна ја извршуваше функцијата амбасадор на Јувентус.
Во трката за претседател на Ривер засега е познато дека Трезеге ќе води битка со Стефано Ди Карло кој во овој момент е генерален секретар на овој тим.
Трезеге во кариерата покрај Јувентус настапуваше уште за: Монако, Херкулес, Њуелс Олд Бојс, Пун Сити, Банијас и токму Ривер каде што сега сака да се врати во нова улога.