Превц се „заборави“ од летање: Нов светски рекорд на Планица (ВИДЕО)

Словенецот Домен Превц постави нов светски рекорд во скијачки летови откако на последното натпреварување од Светскиот куп за оваа сезона, на Планица прелета 254,5 метри.

Претходниот рекорд го држеше Австриецот, Штефан Крафт кој на 18 март 2017 година во Викерсундбакен во Норвешка слета на 253,5 метри. Интересно е тоа што иако 25-годишниот Словенец постави нов светски рекорд, не успеа да победи денеска бидејќи летовите на неговиот сонародник Анже Ланишек беа подобро оценети. 

Превц го освои второто место, зад Ланишек, додека на третото место заврши Андреас Велингер од Германија.