
Жирона пред мечот на „Монжуик“ ќе ѝ плати 300.000 евра на Барселона
Жирона има сериозни проблеми со повредени фудбалери, па поради тоа тренерот Мичел побарал од управата да ја активира клаузулата за да може Ориол Ромеу да настапи во мечот.
Ромеу замина во позајмица во Жирона минатото лето, но Барселона во договорот имала клаузула според која тој може да настапи против нив само ако ривалот плати 300.000 евра.
Да потсетиме, Миовски нема да настапи против Барселона затоа што има повреда на коленото.