Кошаркарите на Работнички носеа маички во чест на жртвите во Кочани (ФОТО)

Работнички денеска триумфира против Куманово, а на загревањето кошаркарите на скопскиот тим се појавија со маички посветени на трагедијата во Кочани.

Кошаркарите носеа маички на кои беа испишани имињата на сите жртви во дискотеката „Пулс“, додека на предната страна на маичката пишуваше „Кочани“.