
Бивш УФЦ-борец доби затворска казна поради обид за убиство на педофил
Веласкез во 2022 година се обидел да го убие воспитувачот на неговиот четиригодишен син поради сексуална злоупотреба. Американските медиуми пишуваат дека борецот го бркал педофилот со автомобил, го удрил, а потоа пукал со оружје кон него.
Воспитувачот доби домашен притвор по обвинението за сексуална злоупотреба на малолетник, а за Веласкез се водеше случај и Судот му изрече петгодишна затворска казна поради користење на оружје, напад врз лице и обид за убиство на истото.