Вардар ќе игра во црни дресови против Струга, а ќе има и минута молк

Поранешниот европски ракометен шампион Вардар соопшти дека на денешниот меч против Струга ќе настапи во спортска гарнитура во темна боја.

Натпреварот меѓу Вардар и Струга ќе почне со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во пожарот во Кочани.

Дуелот меѓу Вардар и Струга се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот.