Милан и Интер го презентираа планот за нов стадион

Италијанските гиганти Милан и Интер направија важен чекор кон изградба на нов стадион, кој ќе има капацитет од 71.500 места, а изградбата ќе чини 700 милиони евра.

Проектот предвидува изградба на нова арена, но и средување на просторот околу стадионот, кој ќе биде претворен во мултифункционална спортска зона.

Според планот, новиот стадион би требало да биде изграден до 2031 година, при што Милан и Интер би добиле еден од најмодерните објекти во Европа.