Репрезентативците до 16 години лесно го надиграа Киргистан

Македонските репрезентативци до 16 години триумфираа со 2-0 против Киргистан во пријателскиот меч во Сиде, Анталија.

Македонија доминираше во текот на целиот натпревар, а до водство стигна преку Фадил Исламовиќ од пенал во 12. минута, додека Сонер Ракипи само шест минути подоцна погоди за 2-0.

Младата репрезентација на Македонија првиот меч во Турција го одигра против Русија и загуби со 0-3.