
Вардар со убедлива победа ја заврши Суперлигата
Со тоа, „црвено-црните“ привремено се искачија на челната позиција на табелата, но дали ќе остане таму, ќе се знаае утре, откако Пелистер и Алкалоид ќе ги одиграат своите натпревари. Со оглед на огромната разлика во квалитетот, јасно беше дека Вардар е голем фаворит и се освен убедлив триумф, ќе беше изненадување.
Во тој стил и почна мечот, домаќините отворија со 3-0, Струга потоа постигна два гола по ред и тоа беше се што направи. Со серија од пет гола, Вардар отиде на 8-2, на голем одмор беше 19-11, а на стартот од вториот дел првпат имаше двоцифрена предност (22-12). До крајот на натпреварот имаше само рутинско одработување од домаќинот кој на крајот ја потврди својата улога.
Вториот меч кој се играше од 17 часот му припадна на Тиквеш кој на домашен терен го совлада Бисинов со 29-24.