Трајковски најдобро ја памети победата над Велс пред 12 години! (ВИДЕО)

Македонија денеска го пречекува Велс во меч од второто коло во квалификациите за Светското првенство 2026, ова е второ гостување за оваа селекција во Скопје.

Тој меч се одигра на 6 септември 2013 година, еден ден по роденденот на Александар Трајковски.

Македонија победи со 2-1, а победничкиот гол го постигна токму Трајковски. За него ова беше посебен погодок бидејќи му беше прв на официјален натпревар за нашата репрезентација.

Тогаш Македонија поведе преку Иван Тричковски, а Арон Ремзи изедначи од пенал.

На 10 минути пред крајот, Трајковски кој претходно влезе од клупата даде гол за триумф.

Немаме против и денешниот меч да се одвива по некое слично сценарио.