
ПСЖ ќе гради нов стадион вреден - милијарда долари!?
Во култниот стадион во Париз беа вложени десетици милиони евра за да се прилагоди на потребите на клубот, меѓутоа управата смета дека е време за нов стадион.
Преговорите биле успешно завршени со локалните власти за локација каде ќе се гради фудбалскиот храм, а истиот ќе вреди околу милијарда евра.
Стадионот ќе има капацитет од 90.000 места, клупски простории, продавници, музеј и останати локали за навивачите.