
Македонија ќе има поддршка во Гент: Билетите пуштени во продажба!
Македоннија против Белгија ќе игра на 10 октомври во Гент oд 20:45 часот, а билетите се продават по цена од 25 евра за возрасни и 21 евро за деца до 12 години.
Билетите може да се купуват преку платформата на ФФМ (ТУКА).
„При купувањето, секој навивач најпрво добива ваучер како потврда за извршената трансакција. Врз основа на ваучерот, официјалниот билет се издава и потоа се испраќа на адресата што е наведена при самото купување.
Доставата на билетите се врши електронски (e-mail) и истите пристигнуваат најдоцна во рок од две седмици на наведената адреса“, информираат од ФФМ.
Според правилата на УЕФА за Македонија се издвоени речии 900 билети во секторот за гостински навивачи.