Канте пред враќање во Европа, може да заигра во ист тим со Погба

Некогаш еден од најдобрите фудбалери за врска наскоро би можел да се врати во европскиот фудбал и тоа во најсилните првенства.

Според последните информации, Ал-Итихад е размислува да го пушти 34-годишниот дефанзивен фудбалер за врска кој

 влегува во последната година од договорот, а како потенцијална следна дестинација се споменува Монако.

Наводно заинтересирана е и Ал Кадсија, меѓутоа поранешниот фудбалер на Лестер и Челси повеќе сака преселба во Европа.

Посебно интересно би било што во Монако би заиграл во тандем со неговиот сонародник, Пол Погба кој летово се врати на фудбалот по суспензијата порадди допинг.

Фото: Al-Ittihad Club/X