Баерн се договори со Џексон, ама може да го донесе само на позајмица

Германскиот првак Баерн Минхен ги договорил личните услови со Николас Џексон и можно е наскоро да го доведе во своите редови.

Познато е дека баварскиот тим бара засилувања во нападот каде има малку алтернативи, но раководството планира да ја засили екипата само со фудбалери кои можат да дојдат на позајмици. Таков е случајот и со Џексон кој е непотребен во Челси, но лондонскиот клуб планираше да го продаде пред крајот на летниот преоден рок.

Интерес за Сенегалецот покажаа уште Њукасл и Астон Вила, а има уште една недела да ја реши ситуацијата во која се наоѓа сега.