Син му на Пеце Наумоски направи трансфер во Турција

Помладиот син на Петар Наумоски, Михаил во новата сезона ќе игра во турското првенство.

Тој е нов член на Каршијака од Измир и со тоа тргнува по стапките на неговиот славен татко кој остави длабока трага во тамошната кошарка поради деновите поминати во Ефес Пилсен и Улкер. Михаил ја почна кариерата во Ангели, но во своите младински денови играше и за Црвена Звезда, МЗТ Скопје и Академија ФМП. Минатата сезона ја почна во Вардар, а ја доврши во тимот од Драчево кој избори пласман во елитната конкуренција во Првата лига.

Претходните денови Михаил беше на проба во Каршијака, а откако успешно ја помина, денеска го одржа првиот тренинг со својот нов тим на кој присуствуваше и неговиот татко.