Голем пресврт и триумф за Железничар: Цветаноски погоди и го расплака Борац

Железничар триумфира против Борац Бања Лука со 3-2 во седмото коло од босанскиот шампионат и се искачи на врвот на табелата, а еден од стрелците беше македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски.

Првата голема шанса ја имаше Борац, откако згрешија дефанзивците на Железничар, меѓутоа гостинскиот состав не успеа да ја затресе мрежата.

Ништо сериозно не се случуваше на теренот до 31. минута кога Борац погоди за предност од 1-0 преку Хреља, а набрзо во листата на стрелци се запиша и Савиќ.

Железничар се обидуваше во второто полувреме да го скрши отпорот на Борац и конечно му успеа во 73. минута кога Шошиќ погоди за 1-2.

Набрзо падна и вториот гол, кога Цветаноски стрелаше за 2-2, додека Јагањац на истекот на регуларните 90 минут ги постави конечните 3-2.

Standings provided by Sofascore

Фото: FK Željezničar