Еспањол ја надигра Мајорка и се израмни со Барселона во Ла Лига

Фудбалерите на Еспањол триумфираа со 3-2 против Мајорка во четвртото коло, со што ја запишаа третата победа во Ла Лига и се израмнија по број на бодови со Барселона.

Еспањол до водство стигна по 20 минути игра со голот на Пер Миља, а предноста ја зголеми Фернандез Хаен.

Мајорка преку Муричи во 45. минута од пенал намали на 1-2, а потоа Миља заработи црвен картон поради неспортско однесување.

Гостите ја искористија предноста од човек повеќе и преку Муричи израмнија на 2-2, но Еспањол потоа преку Гарсија од пенал во 81. минута погоди за конечни 3-2.

Team of the Week provided by Sofascore

Фото: Facebook/RCD Espanyol de Barcelona