
Наместо во Белград: Дербито меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац
УЕФА соопшти дека мечот од седмото коло во групата К ќе се одигра на 11 октомври од 20.45 часот во Лесковац, иако најпрво натпреварот беше закажан да се игра во Белград.
Причината зад оваа одлука е безбедноста, не само на публиката, туку и на фудбалерите и останатите учесници во натпреварот.
Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик и поради тоа се бара целосна контрола за да се спречат инциденти како во минатото.
Фото: Facebook/Fudbalski savez Srbije