Атаман се расплака по враќањето во Турција: Овој тим еден ден ќе биде шампион (ВИДЕО)

Турската кошаркарска репрезентација загуби во драматично финале против Германија на Евробаскетот, а селекторот Ергин Атаман беше разочаран по враќањето дома.

Атаман се обрати пред новинарите и фановите, откако не успеа да си го оствари сонот и да ја однесе Турција до прво злато на европските шампионати.

„Сакавме на крајот на мечот да ја слушнеме нашата химна, да го кренеме пехарот. Игравме добро 38 минути, но на крајот нè фати паника. Овој тим еден ден ќе биде шампион“, кажа Атаман.