
Пелистер првпат со шест странци ќе брка историја - и дома и во Европа!
Спортскиот директор на клубот Филип Ивановски истакна дека Пелистер повторно има високи очекувања, во исто време изрази надеж дека еден трофеј, конечно, ќе заврши во Битола.
„Со оваа прес-конференција сакаме да ја најавиме новата сезона која за нас почнува со квалификациите за Лигата на шампионите. Среќни сме што сега тука со нас е професорот Боро Даскаловски во улога на шеф на стручниот штаб и се надевам дека тој ќе ги исполни нашите амбиции. Ова е трета сезона откако го презедовме клубот, лани не ги остваривме целите, но првпат во историјата ќе бидеме учесници во едно натпреварување на ФИБА.
Натпреварот не очекува в петок, но ако не го поминеме тој квалификациски циклус, ќе играме во другото натпреварување на ФИБА што значи дека имаме загарантирани европски дуели што ќе се следат во Битола. Целите за новата сезона се на високо ниво, како на домашен план, така и на меѓународна сцена за што првпат во историјата имаме шест странци. Искрено се надевам дека конечно, еден од трофеите ќе донесеме во Битола“, рече Ивановски.