Тебас предупредува: Реал Мадрид сака да ѝ наштети на Ла Лига!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид соопшти дека подготвува детална документација со сите контроверзни ситуации поврзани со судењето во Ла Лига кои биле донесени на нивна штета, по што реагираше и првиот човек на шпанскиот шампионат, Хавиер Тебас.

Тебас не е во најдобри односи со претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез уште откако беше најавено создавање на европска Суперлига, а очигледно нема ниту да се смират во брзо време.

„Реал Мадрид се жали на лошото судење? Внимавајте што правите и што ќе кажете затоа што јас мислам дека Реал Мадрид сака само да ја оштети Ла Лига“, кажа Тебас.