Трагедија: Италијански скијач загина на тренинг еден ден пред неговиот роденден

Талентираниот италијански скијач Матео Франчозо го загуби животот за време на тренинг во Чиле на 25-годишна возраст, а трагедијата ја потврди Италијанската федерација за зимски спортови.

Франчозо се здобил со тешки повреди на главата во саботата, по што бил префрлен во болница, меѓутоа денеска го загубил животот, иако утре требало да наполни 26 години.

„Ова е трагедија за неговото семејство и нашиот спорт“, кажа претседателот на федерацијата.

Фото: Instagram/mattefranz