Ферари подготвува „бомба“ - почнале преговори со Верстапен!?

Легендата на Формула 1, Џанкарло Минарди објави дека Ферари ги направил првите потези со цел да го добие потписот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Ферари минатата година успеа да го договори Луис Хамилтон од Мерцедес, кој оваа сезона не се прослави, но набрзо по неговите стапки би можел да тргне и Холанѓанецот.

Првиот возач на Ред Бул соопшти дека во 2026 година дефинитивно ќе вози за истиот тим, но Ферари веќе размислува за 2027 година кога би сакале да го добијат Верстапен.

Ова најверојатно значи дека Шарл Леклер ќе го напушти италијанскиот тим, откако не успеа да ја освои титулата во претходните години.