Ван Дајк избегна тешка повреда: Гордон крвнички стартуваше и си доби црвен картон (ВИДЕО)

Ливерпул води по 45 минути игра на дербито со Њукасл на Сент Џејмс Парк, но освен голот на Гравенберх, полувремето го одбележа крвничкиот старт на домашниот фудбалер Ентони Гордон.

Во финишот од првото полувреме, тој го собори на земја противничкиот капитен Вирџил ван Дајк откако стартуваше врз него одзади. Судијата во прв момент не реагираше, но откако ја прегледа снимката заслужено му покажа црвен картон на фудбалерот на Њукасл.

Ван Дајк имаше среќа и избегна посериозна повреда, па го продолжи натпреварот откако му беше укажана лекарска помош.