Звезда не жали пари: Фудбалерите ги чекаат богати премии ако обезбедат ЛШ

Црвена Звезда беше поразена од Пафос во Белград со 1-2 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите и во Кипар на реваншот „црвено-белите“ ќе се обидат да ја надополнат негативата.

Реваншот се игра в вторник во терминот од 21:00 часот, а фудбалерите на белградскиот гигант добиле ветувања за големи премии во случај на пласман во најелитното европско натпреварување.

Според информациите на „Спорт клуб“, фудбалерите на Звезда кои ќе бидат во првиот тим, ќе добијат по 100.000 евра, а сумата би била и 120.000 евра ако пласманот го обезбедат без продолженија и пенали.

Во случај Звезда да не ја надополни негативата, европската сезона ќе ја продолжи во Лига Европа.

Фото: FK Crvena zvezda/FB