Ристиќ влезе и го реши Шкупи, Башкими победи и против Тиквеш! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и славеа во денешниот натпревар против Шкупи со 2-0.

Шкупи кој минатото коло го загуби службено натпреварот против Шкендија, успеа да состави колку-толку подобар тим оној во првото коло против Шкендија кога има само четири резерви и двајца од нив беа голмани.

Денеска имаа резерви само од младинскиот состав, меѓутоа оние кои беа на теренот покажаа дека можат да се надигруваат и долго време се држеа потив битолскиот состав.

Натпреварот беше отворен точно по еден час игра кога Ристиќ кој влезе во второто полувреме се запиша во листата на стрелци. Влегувањето на Ристиќ се покажа и како клучен потег на тренерот Капинковски бидејќи тој беше асистент и на голот кој го посигна Булатовиќ во 85. минута за конечни 2-0.

За Пелистер ова беше втор триумф во низа откако во минатото коло ја совладаа и Брера.

 

Одличен старт на првенството има Башкими кој по три кола не знае за пораз и денеска ја запиша втората победа против Тиквеш на свој терен со 3-1. Филип Алексовски постигна два гола заа кумановскиот состав, додека еден беше дело на Симоновски. Голот за утеха за Тиквеш беше дело на Мишов.