Помошникот на селекторот Илиевски е нов тренер на Пелистер!

Помошникот на селекторот Марјан Илиевски, Борче Даскаловски е изборот на Пелистер за нов шеф на стручниот штаб за новата сезона.

Во соопштението Пелистер истакнува дека биле разгледувани неколку опции, но на крајот раководството одлучило довербата да се даде на Илиевски.

Илиевски работеше како помошник во репрезентацијата и во времето кога селекцијата ја предводеше Јорданчо Давитков.

Преземањето на Пелистер за него е враќање во битолскиот клуб каде што една сезона (2006/2007) помина и како кошаркар по што започна тренерска кариера, прво во Вардар, па потоа и на клупата на Карпош Соколи. Зад себе има искуство и во странство како дел од стручниот штаб на Емил Рајковиќ во Астана. Последниот ангажман на клупски план го имаше во Кожуф.