
Тенисерката која преживеа напад со нож и играше финале ја заврши кариерата
Чешката тенисрка претходно најави, а сега и официјало е повлекува откако беше поразена во првото коло. Во Њујорк загуби од 107. тенисерка во светот, Диана Пери со резултат 6-1 и 6-0.
Зад себе Квитова има голема кариера во која најголемиот успех го оствари во 2011 и 2014 година кога триумфираше на Вимблдон.
Освен успесите Квитова помина и низ тешк моменти како во 2017 година кога беше нападната во нејзинот од дом лице кое се претставило како мајстор за бојлери. Во нападот таа заработи повреди со нож и изгледаше дека кариерата ќе ја заврши уште тогаш, но се врати и играше финале на Австралија Опен во 2019 година.
Фото: Wimbledon/X