Брутален старт на Интер: Пукна „петарда“ во мрежата на Торино (ВИДЕО)

Актуелниот италијански вицешампион Интер на фантастичен начин ја почна новата сезона откако на домашен терен го победи Торино со 5-0.

Тоа е најубедлива победа во првото коло од Серија А со што „нераѕурите“ недвосмислено најавија борба за шампионската титула. Триумфот го најавија Бастони и Турам во првото полувреме, а во вториот дел погодија уште Лаутаро, повторно Турам и Бони. Фудбалерите на Интер упатија дури 20 удари кон противничкиот гол и имаа можност да слават со уште повисока разлика.

Со овој натпревар е комплетирано првото коло од новата сезона во Серија А по кое Интер е убедливо на првото место.