
Епска драма во Њукасл: Ливерпул со играч повеќе испушти +2, па победи со гол на 16-годишник (ВИДЕО)
Неверојатно драматичен беше натпреварот на Сент Џејмс Парк и содржеше од се по нешто. Ливерпул водеше со 2-0 на почетокот од второто полувреме благодарение на головите на Гравенберх и Екитике, а меѓу двата погодока, Њукасл остана со фудбалер помалку бидејќи поради крвничкиот старт врз Ван Дајк, црвен картон доби Ентони Гордон.
И кога се чинеше дека е на работ на бездната, домашниот тим воскресна и целосно се врати во игра. Бруно Гимараеш прво намали, а пред истекот на основниот дел од мечот, Осула ја искористи грешката на Алисон и го израмни резултатот. Интересно е тоа што иако имаше играч помалку, Њукасл не се задоволи со бод и продолжи да напаѓа, во надеж дека ќе ги освои и останатите два.
Место тоа, во десеттата минута од судиското продолжение, гостинските фудбалери направија фантастична акција, Салах нафрли по земја од десната страна, Собослаи ја остави топката, а Нгумоа рутински ја смести во мрежата на Њукасл. Нгумоха е нигериски младински репрезентативец кој за четири дена ќе наполни 17 години.
По две одиграни кола Ливерпул има максимални шест бода по победите над Кристал Палас и Њукасл, но иако покажува завидна ефикасност, има многу проблеми во одбраната.