Елмас не размислува за други понуди - приоритет му е враќање во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сака повторно да игра во Серија А, односно приоритет му е враќањето во неговиот поранешен клуб Наполи со кој го освои Скудетото во сезоната 2022/23.

Наполи веќе некое време преговара со Лајпциг, но бундеслигашот не попушта во однос на неговите барања, а новинарот Фабрицио Романо открива дека калчолигашот сака да го добие Македонецот на позајмица со опција да го откупи неговиот договор.

Новинарот Романо објави дека Елмас во моментов не размислува за други понуди и приоритет му е враќањето во гигантот од Неапол.

Во следните часови се очекува нова рунда на преговори меѓу Наполи и Лајпциг, по која ќе бидат познати повеќе детали.

Фото: Facebook/SSC Napoli