Калајџиески му останува верен на Пелистер - потпиша договор до 2029 година!

Македонскиот шампион Пелистер потпиша договор со уште еден талентиран ракометар Мирче Калајџиески до 2029 година.

Младиот ракометар пристигна од Словенија и веднаш се наметна во тимот на Пелистер 2, по што беше промовиран во актуелниот шампион и ќе му биде на располагање на тренерот Рубен Гарабаја.

Калајџиевски со Пелистер 2 минатата сезона избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26.

Ова е уште една одлична вест за екипата од Битола, која претходно договори продолжување на соработката со браќата Атанасијевиќ.