
Барселона во проблем: Нема стадион за дербито од четвртото коло!
Натпреварот треба да се одигра на 13 или 14 септенври, но засега не е сигурно дали до тој датум Барселона ќе ги добие сите потребни дозволи.
Како опција, ако Барселона не може да игра на „Камп Ноу“ се споменува домот на Жирона, „Монтиливи“. Користење на „Монжуик“ каде што каталонскиот гигант минатата сезона ги играше своите натпревари веднаш отпадна бидејќи на 12 септември на него ќе се одржи концерт, па нема доволно време теренот да се подготви за фудбалски натпревар.
Исто така се додава дека Ла Лига нема да дозволи промена на домаќинствата, додека стадионот „Јонхан Кројф“ со капацитет од 6.000 места не ги исполнува условите на Ла Лига според кои еден стадион мора да има најмалку 8.000 седишта.
Како пресуден момент се наведува инспекцијата од градот на „Камп Ноу“ која е најавена за текот на утрешниот ден.
Фото: Barcelona FC/X