Ѓоковиќ откри кого сака да тренира: Ќе бидам скап, треба да се подготви! (ВИДЕО)

Српскиот тениер, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин го стартуваше Ју-Ес Опен славејќи побед со 3-0 против Лирнер Тиен, а по овој меч на социјалните мрежи се појави видео од една интересна ситуација.

Имено, српскиот тенисер веќе не игра на највисоко ниво, па така се доближува и до крајот на кариерата и сега доби прашање дали размислува што ќе прави по повлекувањето од терените.

Ѓоковиќ во тој момент доаѓаше пред новинарите веднаш по Жоа Фонсека, па ја искористи ситуацијата да се пошегува.

„Кога ќе одам во пензија, сакам да го тренирам Жоа Фонсека. Ќе бидам скап за него, па така нека се подготви“, порача Ѓоковиќ.