Moдриќ е фудбалер на Милан, а претставуваше дрес на друг клбу (ВИДЕО)

Лука Модриќ пред неколку месеци стана дел од сопственичката структура на англискиот второлигаш Свонси, па сега се најде и во една необична ситуација.

Имено, Модриќ е фудбалер на Милан, но сега се појави во претставувањето на дресовите на англискиот клуб, а досега не се памети кога еден фудбалер на некој клуб претставувал дрес на друг клуб.

Ќе потсетиме, Модриќ летово го напушти Реал Мадрид каде што помина 13 години во кои освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал и потпиша договор со „росонерите“.

Фото: AC Milan/X