Maкедонија игра како по ноти - Барди и Чурлинов го „нокаутираа“ Лихтенштајн! (ВИДЕО)

Maкедонија полека ја завршува работата против Лихтенштајн и на самиот старт од второто полувреме преку Барди и Чурлинов доаѓаме до водство од 3-0.

Барди беше егзекутор на една одлична акција која ја крерираа нашата фудбалери по десната страна и за него ова беше прв гол во овие мундијалски квалификации. 

Само неколку минути подоцна и Чурлинов стрелаше, па до крајот се очекува само рутински да го приведеме натпреварот кон крајот.