Македонија годината ќе ја заврши за една позиција погоре во однос на лани!

Македонската фудбалска репезентација 2025 година ќе ја заврши на 66. место н ФИФА ранг листата која беше обновена денеска.

Оваа позиција за Македонија е пад за едно место во однос на минатиот месец кога бевме 65-ти во светот, додека за разлика од крајот на 2024 година, сега сме рангирани едно место погоре.

Кога се бодовите во прашање имаме 1378.57, пред нас е Хондурас со 1379.54, додека зад нас е репрезентацијата на Зеленортски Острови со 1370.49. бодови.

Следниот голем предизвик за Македонија е во март кога со новиот селектор на клупата, Гоце Седлоски ќе играме во полуфиналиот бараж против Данска.

На врвот на листата нема промени, лидер е Шпанја, а потоа следат Аргентин: Франција, Англија и Бразил.