По прес-конференцијата на која присуствуваа селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди македонската репрезентација го одработи и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар.

Македонија утре ќе се соочи со Летонија од 18:00 часот, а желбата на избраниците Милевски се трите бода за да го задржиме првото место во групата.

По овој натпревар македонските фудбалери за три дена ги очекува и дуел против Ерменија во Ереван. На табелата Македонија во овој момент е прво место со четири бода, по три имаат Летонија и Ерменија, додека Фарски Острови се последни со еден бод.