Спортинг гостува во Битола: Пелистер сака да ја прекине серијата од 17 порази по ред!

Македонскиот ракометен шампион Пелистер не се прослави во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што запиша вкупно 17 порази (14 во минатата и три во оваа сезона) по ред, па вечерва во Битола ќе се обиде да ги освои првите бодови.

Португалскиот тим Спортинг Лисабон гостува во салата „Боро Чурлевски“ во рамки на четвртото коло од 20.45 часот, а тренерот на Пелистер, Бранко Ангеловски веќе ги избра ракометарите за вечерашниот дуел.

Ангеловски на дуелот со Спортинг нема да смета на Петар Атанасијевиќ и Домен Тајник, а надвор од конкуренција се и КОстески, Печурица и Цикатиќ.

Пелистер по три одиграни кола нема освоен бод во групата А и се наоѓа на седмата позиција, додека Спортинг Лисабон е првопласиран со шест бодови.