Пакета ги налути Англичаните и се соочува со - доживотна суспензија!

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поднесе две нови пријави кон Лукас Пакета поради тоа што одбил да соработува со истражните органи, откако претходно беше суспендиран.

Телефонот на Пакета беше конфискуван два месеци поради истрагата на ФА, која ги прегледувала неговите пораки, телефонски повици и останати детали, по што уредот му бил вратен на Бразилецот.

Пакета во меѓувреме купил нов телефон, а наводно стариот уред го фрлил со што ја загрозил истрагата на ФА.

ФА му го побарала стариот телефон за да потврди одредени детали, меѓутоа Пакета им кажал дека се ослободил од уредот и со тоа дополнително ги налутил Англичаните.

Првичните обвинувања беа дека Пакета намерно добивал жолти картони со цел други лица да профитираат со обложување, па сега Бразилецот се соочува со нови пријави и со доживотна суспензија.