Дориев не мрда од Узбекистан: Потпиша нов договор

Македонскиот офанзивец Љупче Дориев ќе продолжи да настапува во првенството на Узбекистан откако денеска е потврдено продолжувањето на соработката со неговата Согдиана.

Со овој тим Дориев потпиша договор на уште две сезони и вклучувајќи ја платата и бонусите тој е вреден скоро милион долари.

Во редовите на тимот од Узбекистан Дориев пристигна пред нешто повеќе од Шкендија, а брзо стана и еден од најважните фудбалери во тимот.

Сезонава благодарение на добрите настапи на Дориев Согдиана е во горниот дел на табелата, додека македонскиот фудбалер со десет гола е прв стрелец.