И шефот на судиите во Премиер лигата призна: Црвениот картон на Фернандес е грешка

Првиот човек на судиската организација на Премиер лигата, Хауард Веб призна дека исклучувањето што го доби Бруно Фернандес на дуелот против Тотнем е грешка.

Португалецот доби директен црвен картон за старт врз Џејмс Медисон затоа што првиот впечаток беше дека станува збор за груб прекршок, но снимката покажа дека не е баш така. Дури и Медисон по натпреварот рече дека Фернандес не заслужил да биде исклучен.

„Тоа беше грешка. Од видео-записот слушнавме како асистентот вели дека е фаул за црвен картон и судијата го прифаќа тоа. Контактот е висок, но Фернандес прво се подлизгува и не ја забива копачката во ногата на противничкиот фудбалер. Главниот судија требаше да ја прегледа снимката пред да го донесе конечното решение“, рече Веб.

Премиер лигата подоцна ја прифати жалбата на Манчестер Јунајтед и го поништи црвениот картон на Фернандес.