Потпишан најголемиот договор во историјата на фудбалот - вреди 300 милиони евра!

Атлетико Мадрид го потпиша најголемиот спонзорски договор со продажба на името на стадионот „Метрополитано“. Домот на Атлетико Мадрид во иднина ќе го носи името „Ријад Аир Метрополитано“, откако „јорганџиите“ постигнаат договор со оваа компанија.

Арапите за ваквото задоволство ќе платата неверојатни 300 милиони евра, па така Атлетико одлично ќе заработи, додека тие ќе добијат голема промоција во фудбалскиот свет.

Кога сумата ќе се подели, Атлетико добива дури 37.5 милиони евра годишно. Со ваквиот договор тие го надминаа рекордот на Баер Леверкузен, годишно германскиот шампион добива 29.9 милиони евра. Но, треба да се знае дека во случајот на Леверкузен истата компанија го основа и клубот и фармацевската компанија.

На третото место е „Ноу Камп“ на Барселона кој ја носи додавката „Спотифај“, а Барселона добива 20 милиони евра. Потоа следат Баерн и Јувентус кои имаат договор со компанијата „Алијанц“ со 13, односно 10.3 милиони евра годишно, а помеѓу нив е Борусија Дортмунд со 11 милиони евра.