Звезда пред нова казна од Евролигата: Навивачите истакнаа забрането знаме!
Имено, навивачите на трибините истакнаа знаме на кое Косово е претставено како српска територија. Познато е дека на спортските натпревари строго е забрането мешањето на политиката, па поради тоа веројатно црвено-белите ќе бидат казнети.
Звезда беше казнета и по првото коло во Евролигата за кое мораше да плати 7.000 евра поради фрлање на предмети на навивачите на теренот.