Тренерот на Интер заврши во обвинителството поради навивачите

Тренерот на Интер Симоне Инзаги денес е сослушан во италијанското обвинителство во склоп на истрагата која се води против ултрасите на Интер и Милан.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, Инзаги имал состанок со надлежните и тој е сослушан како сведок кој може да даде вредни информации и не е под истрага.

Во обвинителството од прислушкувањето дознале дека уапсениот Марко Фердико разговарал со Инзаги и му побарал дополнителни 200 влезници за финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Фердико е еден од 19. уапсени изминатиот месец во големата операција против мафијата.

„Скај Италија“ пренесува дека Инзаги одговорил на сите прашања, а разговорот е опишан како долг, опуштен и исцрпен.

Инзаги објаснил дека повикот од Фердико повеќе бил закана отколку барање и дека не е невобичаен, но негова мотивација било да избегне нов штрајк на навивачите бидејќи претходно имаше протести.

Во наредните денови пред обвинителството се очекува да излезат потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, фудбалерот на Интер Хакан Чалханолгу и капитенот на Милан, Давиде Калабрија.