Падна и Басконија: Втор триумф за Црвена Звезда во Евролигата

Eкипата на Црвена Звезда славеше победа вечерва во првиот натпревар во Евролигата на домашен терен против Басконија со 78-71.

Црвено-белите ја имаа фаворитската улога и пред почетокот на натпреварот, а на крајот тоа на паркетот и го докажаа.

Со 17 поени Ајзеа Кенан го предводеше белградскиот гигант, а го следеше Биломбој со 15. На спротивната страна Монаке уфрли 19 поени. За Звезда ова е втора победа во Евролигата откако во првото коло славеше на гости против Париз.

Победа славеше и Монако во дуелот со Макаби Тел Авив со 85-79 и за францускиот клуб ова е второ славје откако во првото беа подобри од Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ.