Пик Сегед преку Загреб до трета победа во ЛШ

Ракометарите на Пик Сегед стигнаа до третата победа сезонава во Лигата на шампионите откако денеска беа подобри од ППД Загреб со 30-35 во рамките од четвртото коло.

Уште од самиот старт унгарскиот претставник тргна фуриозно, па уште на паузата имаа седум гола предност (12-19) и тука се најавуваше нивната победа.

Во вториот дел Загреб ниту еднаш посериозно не ја загрози предноста на Унгарците, па така прашање беше само конечниот исход на средбата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Марио Соштариќ со девет гола, додека на спротивната на страна Ихар Бјалиауски осум пати ја затресе мрежата.