Реал Мадрид ќе остане без два пехари поради бивш кошаркар!?
Шпанските власти објавиле налог за апсење на поранешниот кошаркар на „кралевите“ во сезоната 2014/15“, а поради тоа Реал би можел да изгуби пехари во АЦБ-лигата и Копа Дел Реј.
Медиумите пишуваат дека Слотер би можел да добие и 16-месечна затворска казна доколку на суд се потврди дека е виновен.
Доколку биде потврдена вината на Слотер, тогаш „кралевите“ би можеле да ги изгубат двете титули, кои би ѝ припаднале на Барселона.