ФФМ го слушна апелот: Слободен влез за навивачките групи и за најмладите фудбалерчиња!

Фудбалската федерација на Македонија реагираше на апелот и за најмладите навивачи и тренерите вечерва влезот ќе биде бесплатен.

Македонија ја пречекува Шкотска во третото коло од Лигата на Нации од 20:45 часот и за овој дуел бесплатен влез ќе имаат навивачките групи и најмладите фудбалерчиња.

Освен за оваа средба за најмладите фудбалери влезот ќе биде бесплатен и на останатите средби во овој циклус од Лигата на Нации, тие ќе може да се сместат на западната трибина.

„Бесплатен влез на натпреварите на Македонија имаат младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци. За натпреварот Македонија – Шкотска, влезот за нив на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ е бесплатен.  Свое место на трибините имаат и навивачките групи кои побараа организирано присуство на натпреварот“, информираа од ФФМ.